петок, 3 април 2026

СДСМ од Уставен суд бара поништување на некои одредби од Законот за внатрешни работи

Подготовките за деценискиот план на Мицкоски за изолација на земјата и грабеж на граѓаните се во тек. Јавното обвинителство и судството се под контрола на власта, со подобни обивнители и судии блиски до Мицкоски, следува брутална партизација и на МВР, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Александар Саша Димитријевиќ.

Објавено на

часот

Сподели

„Додека криминалот и корупцијата царуваат насекаде, скандали со 5 тони дрога кои водат до врвот на власта, во МВР се случува операција за отстранување на неподобните професионалци и ставање партиски послушници. Со новиот Закон за внатрешни работи, кој го донесоа и го менуваа неколку пати за само една година, ВМРО-ОКГ и Панче Тошковски ги деградираат професионалците и инсталираат партиска војска во полицијата.

Тошковски прераспоредува полициски службеници ‘по потреба на службата’, без никакви критериуми и без согласност на вработените. Професионалци со 30 години искуство, кои со децении граделе кариера, преку ноќ се уназадени од раководни позиции до најниски извршители. Кариерниот систем е укинат, се гази правото на работа и слободен избор на вработување загарантирани со Уставот.

Се формираат партиски комисии за селекција кои, надвор од очите на јавноста и без вклучување на репрезентативниот синдикат, ќе одлучуваат кој е ‘подобен’, а кој не. Тошковски удира и по џебот на полицајците. Работното искуство веќе не е дел од основната плата, со што директно се намалува вредноста на сите додатоци како прекувремена и ноќна работа. Го укинува загарантираниот додаток за овластување од 20% и 30%, а наместо тоа, Тошковски носи класифицирани листи за тоа кој заслужува додаток на плата.

Значи платата на полицаецот повеќе не зависи од неговиот труд и закон, туку од желбата на Панче Тошковски. Ова е истиот модел што го гледавме во времето на Сашо Мијалков и Никола Груевски. Моделот на МВРО-ВМРО како што го опиша Јанкуловска. Истата шема. Само нови актери на старата криминална банда. Целта е јасна: МВР да се претворат во партиски механизам за пресметка со неподобните и заштита на криминалот и корупцијата на власта. СДСМ силно ќе се спротивстави. Денеска поднесуваме иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на овој скандалозен Закон за внатрешни работи. Бараме итно поништување на спорните одредби и стопирање на сите незаконски прераспоредувања и постапки на Тошковски кои се донесени врз основа на овој Закон. Нема да дозволиме МВР да биде партиски штаб на ВМРО-ОКГ“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ