сабота, 13 декември 2025

СДСМ обвинува за политички прогон врз директорка на училиште во Демир Хисар

Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска, е уште една потврда дека режимот се врати. Ова е сликата на секој режим, полиција ставена во функција на политички притисок и незаконско разрешување на директорка во средно училиште, со единствена цел пред избори да постават партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во денешното партиско соопштение на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Сега на граѓаните им е кристално јасно зошто беа измените на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи кои ги спроведе Панче Тошковски, за целосна партизација на полицијата, политички прогон и злоупотреба во партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата станува продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ, а жртви се граѓаните . Денеска е директорка на средно училиште, утре некој друг. СДСМ бара веднаш да престане бруталниот притисок и незаконското разрешување на директорката Маја Лозановска.  Законите мора да се почитуваат без разлика за кого станува збор. Бараме одговорност од сите кои ја извршуваат оваа незаконска постапка и кои дозволија ставање на полицијата во служба на политички прогон“, категорични се од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ