среда, 17 декември 2025

СДСМ обвинува дека фирма со тројца вработени добила 1,2 милиони евра од Владата

Фирма со само тројца вработени за период од 2 месеци добива тендери од Владата на Христијан Мицкоски од 74 милиони денари или 1,2 милиони евра. Милионски суми, мал број на вработени, фаворити за тендери од власта на ДПМНЕ. Овие факти отвораат сериозни сомнежи за нетранспарентни постапки, фаворизирање и коруптивни тендерски шеми како во досегашните објавени бомби, обвини денеска на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Објавено на

часот

Сподели

Како што рече Кузеска, станува збор за фирмата Сигмоид Гроуп ДООЕЛ Скопје, формирана пред две години и која добила три тендери од Владата.

„И како и во првата бомба, повторно станува збор за ИТ опрема. Случајно нели? Првиот договор е со Министерството за финансии, склучен на 13.10.2025 година, вреден околу 60.000 евра. Само после два дена, има нов договор, склучен на 15.10.2025, со Генералниот секретаријат на Владата, вреден речиси милион евра. И шест недели подоцна, на 01.12.2025, нов државен тендер, овојпат за софтвер за следење на работни процеси во СОЗР, вреден околу 76 илјади евра денари. Каква милоионска експанзија за два месеци? 173 отсто раст на добивка од тендери! Истите шеми повторно. Па како е ова можно?  Која е близната? Дали причината за тоа е близината на сопственикот на фримата, извесен Ј. Јанкуловски, кој дипломирал на Машинскиот факултет, токму на насоката мехатроника и роботика, каде што е Христијан Мицкоски професор?“, праша Кузеска.

Таа уште праша дали е тоа клучот за вретење милионски тендери од власта, односно близината со Мицкоски?

„АКТ продолжува. Работата не е завршена!“, заклучи Кузеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ