Во соопштението се наведува дека компанијата, која нема претходна историја или искуство, добила вкупно шест јавни набавки, од кои четири од Генералниот секретаријат на Владата, една од ЕСМ и една од Министерството за администрација. СДСМ додава дека сите документи се достапни на страницата на Бирото за јавни набавки.
Партијата посочува и дека едно од вработените лица во фирмата е, како што тврдат, поврзано со поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање и со уништување опрема за прислушување.
СДСМ ги повикува Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство и Финансиската полиција да постапат врз основа на поднесената пријава и приложените документи.
„Работата не е завршена“, стои во крајот на соопштението.






