понеделник, 15 декември 2025

СДСМ објави нови имиња на кандидати за градоначалници, Костадинов од Струмица не е на списокот

Aсен Шајн и Марјан Даскаловски се кандидатите за градоначалници на СДСМ за Охрид и Струмица. Ова вечерва го соопшти Венко Филипче, претседателот на СДСМ по состанокот на партиските органи. Актуелниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов не е на списокот на неговата партија.

Објавено на

часот

Сподели

Во Дебрца кандидат ќе биде Љупчо Паунковски, во Општина Пехчево кандидат за градоначалник ќе биде Златко Николовски, член на Централниот одбор, за Босилово, Мариче Кармазичева, за Куманово Мартин Костовски, во Карбинци Љупка Соколовска, во Василево Ванчо Новоселски, во Сопиште Звонко Васев, за Јегуновце Дарко Блажевски, во Демир Хисар Златко Кузмановски.

„Во следните две недели, две третини од кандидатите за градоначалници ќе бидат потврдени од Извршниот одбор. Очекувам ова да биде процес кој ќе значи сплотување, а не поделба на партијата“, рече Филипче и додаде дека сите одлуки ги носат по широк консулатитвен процес.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ