четврток, 11 декември 2025
Локални избори

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

На попладневната седница на Извршниот одбор на СДСМ дадена е согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата, соопшти партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа се: Оливера Ливриниќ за Бутел, Маја Хеско за Велес, Миле Атанасов – Гевлелија, Дејан Глинџарски – Делчево, Лазар Петров за Демир Капија, Благој Илиев за Конче, Влатко Спировски – Кратово, Игор Каравиловски – Кривогаштани, Ивица Стојковски – Македонски Брод, Даниел Крстевски – Ранковце и Далибор Трајковски за Старо Нагоричане.
„СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините“, се вели во партиското соопштение.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ