понеделник, 12 јануари 2026

СДСМ не се согласува со предлог-законот за ново задолжување од 20 милиони евра

Нема пари, задолжувањето оди во опасна насока. Власта трупа нови долгови врз грбот на народот. Во Собранието Владата поднела Предлог Закон за ново задолжување од 20 милиони евра, за изградба на фискултурни сали ама без информација за износот на каматната стапка. Нема пари за плати, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за нови мерки за поддршка на стандардот на граѓаните. Има само за криминални тендери кои вртат секој ден, и тоа со милонски суми за едни исти фирми блиски до власта, изјави денеска на прес конференција пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска.

Објавено на

часот

Сподели

„Недостасуваат една милијарди евра. Огромната дупка очигледно власта ќе ја поплнува со нови и нови долгови кои треба да ги плаќаат иднинте генерации. Веќе Владата се задолжи една милијарда од Унгарија, 660 милиони на домашниот пазар, само во декември 2025 година владата со државни обврзници се задолжи за 100 милиони евра. Се најавува и кредит од дури шест милијарди евра. Светската банка веќе проектира дека јавниот долг оваа година ќе достигне 62,9 отсто од БДП – што не прави најзадолжена земја на Западен Балкан“, вели Лукаревска.

Таа тврди дека Владата ги турка граѓаните во должничко ропство.

„Ова мора да престане. Пратениците на СДСМ ќе се спротистават на ова и на секое идно задолжување. Власта да го повлече ова задолжување, да ги намали трошоците, да ги снема криминалните тендери и да го намали задолжувањето за да има пари за граѓаните“, вели Луакревска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ