„Овој пат тоа е Орце Ѓорѓиевски, исто како што беше случајот со Данела Арсовска,“ се наведува во соопштението.
Социјалдемократите потсетуваат дека скопјани добро се сеќаваат на периодот кога Мицкоски и Арсовска работеа заедно. „Тогаш сè им функционираше – делеа задачи и бизниси, ветуваа бесплатен јавен превоз, сто електрични автобуси и дури фабрика за нивно производство. Но наместо исполнети ветувања, се скараа за рацете во медот и го заглавија главниот град во хаос,“ порачуваат од СДСМ.
Партијата оценува дека последните четири години, со ВМРО-ДПМНЕ на власт во Скопје, граѓаните виделе што значи целосно игнорирање на јавниот интерес. „Скопјани видоа што значи партијата и личните интереси да се стават пред здравјето на луѓето. Видоа како заради политички инает може да се уништи градот, јавните претпријатија и секојдневниот живот на луѓето,“ стои во реакцијата.
СДСМ предупредува дека денеска се повторува истата шема. „Со Мицкоски и Ѓорѓиевски скопјани може да очекуваат нови разочарувања, нов хаос и нови бизнис-договори на грбот на граѓаните,“ велат од партијата.
„Скопје заслужува повеќе. Скопјани очекуваат решенија, искреност и политики што носат резултати. Очекуваат чист, уреден, културен град со градоначалник што ќе работи со визија и план, а не нова Арсовска по диктат на Мицкоски,“ се додава во соопштението.






