„Тие водат фирми во Бугарија, прават зделки за лична корист и додека се богатат, граѓаните ги оставаат во сиромаштија. Да потсетиме, фотографии од ручеци и средби со бугарскиот олигарх Волканов има Христијан Мицкоски, нема Венко Филипче. Токму Волканов, кој ја загадува Крива Река е пријател на Мицкоски, не на СДСМ. Токму во неговите фирми, директори се функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се нивните вистински интереси, тоа се нивните вистински бизнис зделки“, посочуваат од СДСМ и порачуваат дека нивната партија „се бори за државата, а ВМРО-ДПМНЕ за своите бизни интереси, што е голема разлика“.
„СДСМ останува посветена на иднината на нашиот дом – Македонија!“, завршува реакцијата на опозициската партија.






