среда, 28 мај 2025

СДСМ: Културното наследство не е трговска роба, оставка од Љутков

Министерот Зоран Љутков катастрофалното раководи со Министерството за култура и туризам. Тој остави повеќе од  3.000 културни работници без плата додека најавува распродажба на културното наследство под концесија. Ова е дното, ова е институционалната негрижа за културата, за културните работници и за нашето културно наследство, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Сака ли ДПМНЕ македонските свети места да завршат во туѓи портфолија само за некој лично да профитира? Ова ли е новото нормално со разнебитување на културата? Ние сме на страната на граѓаните и нема да дозволиме разнебитување на културното наследство. Бараме оставка и политичка одговорност од Љутков за хаосот што го направи во културата. Повлекување на срамните изјави за приватизација на културното наследство. Итна исплата на мартовската плата за сите културни работници.

Културата и културното наследство не се трговска роба. Културата, не е зделка. Археологијата не е парцела. Оваа земја има народ што памети – и што не заборава“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ