Таа потенцираше дека целта на власта е да ја замолчи опозицијата и да забрани каква било дебата за договорот – мигранти за пари, да се спречи вистината да излезе на виделина.
„Секој што ќе зборува јавно за мигранти, да се таргетира со закани за кривични пријави и затвор. Затоа и забрзано работат на воспоставување контрола врз судството и обвинителството. Кога се носат неуставни резолуции против опозицијата, тоа е автократија – вовед во диктатура, режим“, потенцираше Тренчевска.
Таа посочи дека СДСМ нема да го дозволи тоа и силно ќе се спротивстави, заедно со граѓаните.
„Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок. Предавничката резолуција е спротивна на Уставот во делот на основни човекови слободи и права на граѓанинот – слободата на изразување, која е неприкосновена. И тоа ја прави неуставна. Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции, ќе побараме помош и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа. Со сите демократски алатки и механизми што ни стојат на располагање ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата. Борбата продолжува“, посочи Тренчевска.






