недела, 7 декември 2025

СДСМ ќе го исклучи од членство советникот од Карпош Радослав Трошановски

Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука да почне постапка за исклучување од членство членот на Советот на Општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата. Се работи за советникот Радослав Трошановски кои гласаше за избор на новиот претседател на Советот на општината.

Објавено на

часот

Сподели

„Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови. Согласно Статутот на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање спротивно на интересите на СДСМ како и нанесување значителна штета на партијата повлекува одговорност, а тоа се однесува и на сите избрани советници.

ИО на СДСМ најостро ги осудува сите притисоци, уцени и закани врз советниците во советите на општините на локално ниво од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за што партијата ќе преземе соодветни мерки за нивна заштита“, соопшти партијата.

Нов претседател на Советот на Општина Карпош е Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот избор беше помогнат со гласовите на по еден советник од ГРОМ и од СДСМ, Зоран Краљевски и Радослав Трошановски

Од 27 советници во Општина Карпош, 12 се од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и еден од ЗНАМ, а по четири имаат СДСМ, Левица и коалицијата „Искуство за успех“, во која членува и партијата ГРОМ. Тројца се независни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ