среда, 11 јуни 2025

СДСМ: Касно е за признанија, Мицкоски треба да одговара за хаосот што го предизвика

Касно е признанието на Христијан Мицкоски дека Владата под негово водство е катастрофа – штетите што ги предизвикаа за само десет месеци се длабоки и непоправливи, велат од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ функционира како ураган – ја уништи економијата, го срози животниот стандард и ја сруши секоја перспектива за иднината. Граѓаните гледаат дека наместо работа, добија Влада што се вози во приватни авиони, јаде манго и папаја, а државата ја задолжува за три генерации напред“, велат од партијата.

Според СДСМ, за десет месеци нема ниту еден нов проект, а единственото што Владата прави е да сече ленти и да се слика пред инвестиции и проекти иницирани од претходната Влада на СДСМ.

„Мицкоски не само што не признава одговорност, туку не е ни свесен за гневот и разочараноста меѓу граѓаните. Ќе биде изненаден на изборите – таму ќе ја добие вистинската слика за ‘задоволството’ од неговата работа“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека колку повеќе Мицкоски зборува за победи, толку повеќе покажува страв од изборниот пораз кој му се заканува поради политиките што ги води.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ