„До каде е истрагата? До каде е најавеното проширување на истрагата со актуелни функционери и службеници? Молкот на институциите е загрижувачки.
Истрагата мора да одговори за тоа: Кој е одговорен што се случил пожарот кобната ноќ кој однесе толку жртви? Кој е одговорен за пропустите на МВР, БЈБ, ДПИ, УЈП непосредно пред и за време на настанот?
Одговори и одговорност наместо селективност. Обврска на државата е да ја каже вистината, да обезбеди правда за жртвите и нивните семејства и да спречи ваква катастрофа да се повтори. Секој кој затаил и прекршил закон, мора да одговара. Без разлика на функцијата. Без калкулации. Без селективност, без заштита, буквално секој“, соопшти СДСМ.