Според Костова, овие граѓани празникот ќе го дочекаа во неизвесност и разочараност, без можност да си ги подмират основните потреби.
„ДПМНЕ грубо и без грам совест го крши законот за исплата на плати на сите вработени до 15 во тековниот месец за претходниот месец. Или за Владата на Мицкоски не важат законите, или воопшто не им е грижа за работниците. Вистинското лице на Владата на ДПМНЕ е тотална незаинтересирност за граѓаните. Платата не е награда, таа е основно загарантирано законско право на секој работник.
До таму дојдовме, во Македонија веќе да не се зборува за економски развој, туку дали власта може да ја исполни законската обврска – исплата на заработената плата.
За Владата може да има папаја, манго и луксузи- за работникот трошки на софрата. Ова е врв на неодговорност и неспособност.Вработните во јавниот сектор заслужуваат да ја знаат вистината- зошто не им е исплатена платата и кој ќе сноси одговорност за тоа?“, прашува Костова од СДСМ.
Потпретседателката на СДСМ проценува дека за овие 10 месеци, животот на работниците се претворил во преживување од месец во месец. Животниот стандард е на дното – цените и сметките континуирано растат. Македонскиот работник е со најниски плати во регионот, а власта го одби секое барање за покачување на платите.
„Ова е сликата на ‘новото нормално’ – луксуз за власта, празни џебови за сите други. Бараме итна исплата на платите на вработените во јавниот сектор. Достоинството и законското право на работниците не смее да зависи од неспособноста на Владата“, порачуваат од СДСМ.