понеделник, 15 декември 2025

СДСМ: Изгореа 20% од шумите и пасиштата – ВМРО-ДПМНЕ: Во најголем дел пожарите се намерно подметнати

Во најголем дел пожарите се намерно подметнати, затоа прашуваме која е придобивката на СДС која се радува на нив? СДС е партија која наместо да се извини на граѓани што противпожарните единици ги остави без соодветна опрема за справување со пожарите, се радува на секој пожар кој ја зафатил државата, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Во реакцијата се вели дека за седум години власт, СДСМ наместо да набавува опрема и возила за службите, единствено набавувале комотни возила за своите функционери.

„Да се грижеа СДС за состојбите со пожарите, како што сега во опозиција глумат, немаше да не остават ниту еден исправен канадер, летало или пак возило за гасење пожари. СДС за време на нивното владеење, додека пожарите беснееја низ државата, тераа одмори по грчките плажи, наместо да се вклучат активно во нивното гасење. Од ова произлегува само едно, дека СДС е партија која се гледа само себе и се води од максимата ‘колку полошо на другите и на државата, толку подобро за нив’ “, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, го наведуваат и фактот дека голем дел од пожарите се подметнати, за што постојат и докази.

„А постојат сомневања дека дел од нив се потпалени од лица блиски до поранешните владини коалициони партнери, СДС и ДУИ. Затоа, СДС наместо да глуми загрижена партија, треба јавно на македонските граѓани да им одговори која е нивната корист од намерно подметнатите пожари што ги оштетуваат македонските шуми?

Дали тоа го прават само за да имаат тема за некоја прес-конференција или соопштение, немајќи конкретни идеи и визија за политики кои би придонеле за подобро функционирање на државата. СДС треба да знаат, дека сакајќи да ѝ наштетат на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за тие да спечалат некој политички поен, ѝ наштетуваат на државата која ни е заедничка“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, СДСМ во своето дневно партиско соопштение  обвини дека „поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ во пожари изгоре 20% од вкупната површина на шуми и пасишта“.

„Тоа не е патриотизам тоа е предавство на сопствената држава. Кај оваа влада е одговорноста – потфрли во заштитата на имотот, природата, граѓаните.

Од изминатата седмица, активни се над 100 пожари на територијата на цела држава. Гори во Берово, Радовиш, Василево. Веќе втора недела гори и Прилеп, Македонски Брод, Крива Паланка, Зелениково, Карбинци, Куманово, Липково, Гостивар, Желино, Старо Нагоричане…

Наместо координирана интервенција и силно делување за гасење на огнената стихија гледаме тотална незаинтересираност и неорганизираност од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат во огнот“, обвинија од СДСМ во партиското соопштение.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ