понеделник, 23 февруари 2026

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во нова расправа, овојпат за изборот на македонски конузл во Србија

Според кои критериуми е избран Душан Адамовиќ за почесен конзул на Македонија во Србија, прашаа најпрво од СДСМ. На ова ВМРО-ДПМНЕ одговори дека предлогот за Адамовиќ дошол од актуелниот македонски амбасадор во Белград, кој беше именуван во мандатот на СДСМ. Но, тука не престанаа реакциите на реакцијата на…

 

Објавено на

часот

Сподели

Од СДСМ сметаат дека именувањето на висок функционер на СНС, „сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ“, на човек кој бил вмешан во афери со оружје и давал изјави за „српска Македонија“ е скандал.

За ВМРО-ДПМНЕ нема ништо спорно затоа што кандидатот ги исполнувал сите дипломатски критериуми.

За СДСМ ова не е никаков одговор затоа што конечната одлука за назначување почесен конзул ја носи исклучиво Владата на седница и бараат од ВМРО-ДПМНЕ јавно да објасни кои критериуми ги исполнува новиот конзул, чие седиште ќе биде во Панчево.

„Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Како од толку угледни бизнисмени во Србија, Владата го избрала Адамовиќ со криминално минато за почесен конзул на Македонија“, соопштија од СДСМ и споделија фотографија од доделувањето на звањето на Адамовиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ