понеделник, 28 јули 2025

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за УНЕСКО

На Охрид му се заканува бришење од УНЕСКО, поради Владата на ВМРО-ДПМНЕ, обвини денеска поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска. Веднаш реагираа до ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека Извештајот на УНЕСКО со кој се предлага Охридскиот регион да биде ставен како светско богатство во опасност се однесува на периодот од 2017-2024 година кога СДСМ беше власт, а Костадиновска Стојчевска министерка.

Објавено на

часот

Сподели

Очаен беше обидот од страна на министерот за култура Зоран Љутков да се оправда за својата неспособност, кажа Костадиновска Стојчевска и на денешната прес конференција наброи што сѐ сработила претходната влада во која таа беше министерка за култура.

„Во периодот на претходната Влада предводена од СДСМ, покажавме силна посветеност кон заштитата на Охридското Езеро и неговото наследство, преземајќи низа клучни чекори кои беа препознаени од меѓународната заедница и УНЕСКО. Овие напори беа насочени кон системско решавање на проблемите и воспоставување трајни механизми за заштита. Дополнително, дури и по цена на сопствениот политички рејтинг, градоначалникот од редовите на СДСМ Костадин Георгиевски влезе во бескомпромисна борба со отстранување на дивите платформи во Охридското Езеро. Но веќе по локалните избори 2021 година, воден од личниот интерес, негрижа и гол популизам, новоизбраниот градоначалник Кирил Пецаков дозволи обновување на овие платформи, дури и нивно проширување, што е во директна спротивност со препораките на УНЕСКО“, рече Костадиновска Стојчевска.

Веднаш реагираа до ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека Извештајот на УНЕСКО со кој се предлага Охридскиот регион да биде ставен како светско богатство во опасност се однесува на периодот од 2017-2024 година кога СДСМ беше власт, а Костадиновска Стојчевска министерка.

„Со внимание ја проследивме прес-конференцијата на Бисера Костадиновска Стојчевска и можеме да испратиме апел да не се самоповредува до ова високо ниво. Затоа што, и таа, и цела Македонија, знае дека забелешките на УНЕСКО се во Извештајот кој се однесува на периодот од 2017 година до 2024 година. Практично, ова е целиот период на владеење на СДС, во кој период министер за култура беше и токму Бисера Костадиновска Стојчевска“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ