„Граѓаните, работниците живеат тешко, инфлацијата и покачените цени го јадат стандардот на работниците, сиромаштијата расте, а платите стојат во место.
Владата на Мицкоски нема пари за зголемување на минималната плата, пари има само за тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините за друга фирма, 9 милиони евра за тендери со двајца вработени, 1,2 милиони евра за тендери преку Пошта…“, заклучуваат од СДСМ.
Истовремено потсетуваат дека за време на владеењето СДСМ “парите завршуваа кај граѓаните“, и дека во тоа време минималната плата од 8.000 денари била зголемена на над 20.000 денари, додека просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.
„И како опозиција СДСМ стои зад работниците. СДСМ предлагаше закон за покачување на минималната плата, но власта го одби. Поднесовме законски решенија и амандмани во Собранието за покачување на платите во различни сектори, но власта и тоа го одби.
Обврска на владата е да обезбеди покачување на минималната плата наместо да увезува ‘економски работници’, а да извезува квалификувани кадри надвор од земјата“, се наведува во соопштението на СДСМ.






