понеделник, 15 декември 2025

СДСМ го повика обвинителството да поведе истрага за милионските злоупотреби во Еразмус+

ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сѐ, само никако да направи две работи: да ја разреши директорката на Националната агенција иако е потврдено дека била дел од истрага на ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами, и никако да побара процесирање на случајот од ОЈО по извештајот на ОЛАФ, се вели во реакцијата на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Има ли посилна потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е фатено живо во огромен скандал, со рацете во европските фондови? Нема. Со очајни напади врз СДСМ власта нема да побегне од вистината. Фактите се јасни: извештајот на ОЛАФ, доставен до Јавното обвинителство, содржи основано сомнение за злоупотреба на над 2 милиони евра европски пари, со повеќе од 50 физички и правни лица инволвирани во Македонија и уште пет земји-членки на ЕУ; oтворени се сомнежи за тоа како биле распределени над 8 милиони евра во периодот 2014–2017 година, токму кога Ана Михајлов и нејзината кумашинка Дорина Ѓорчева Митровска биле евалуаторки во Агенцијата; треба да се истражат наводите за улогата на првиот директор Бошко Нелкоски, ментор на новата в.д. директорка, како и поврзаноста со фирмите „Силвер лион сервисес“ и „Агронимија органика“.
И клучното: во чии џебови завршија милионите евра европски пари?
Јасно како ден е дека ВМРО-ДПМНЕ ги штити милионските криминални шеми во Еразмус+. Затоа Јавното обвинителство е на потег: да постапи веднаш и сите одговорни за овој скандал да понесат одговорност“, соопшти СДСМ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ