вторник, 17 март 2026

СДСМ го исклучи Петре Шилегов од партијата, „одработува за ВМРО“

Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ. Шилегов е уценет и одработува за ВМРО, се вели во соопштението на партијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до ‘Руднап’. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре.

Сега на сите им е јасно дека станува збор за ‘платформа за рушење на СДСМ’“, се вели во партиското соопштение.

Шилегов вчера беше во Кочани во војство на бранител на еден од обвинетите во судскиот процес за „Пулс“. Тој за локалната 4ТВ изјави дека сега не е моментот да дава политички изјави, „но секако имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица и за парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период. Утре ќе дадам коментар за одлуката на ИО на СДСМ поради почит на денешниот ден и трагедијата во Кочани“, изјави синоќа Шилегов.

Тој претходно за ТВ Сител изјави дека партијата „кадровски се испразнила“ и најави дека наскоро поголема група социјалдемократи ќе побара оставка од актуелното раководство. „Ќе се обидеме да дојдеме до здрава политичка логика и да ги замолиме луѓето што ја раководат партијата, повеќе да не го прават тоа. Да дојдат некои други да ја раководат партијата. Кај граѓаните опозициското чувство е високо, но кај вака организиран СДСМ – безличен и без можност да привлече нови гласови, треба да се бара поинаков пристап“, изјави поранешниот градоначалник на Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ