„Културното наследство не е хотел. Не е трговски центар. Не е парче земја за инвестиции. Тоа е ткивото од кое сме составени како народ, како заедница, како држава. Не се мери со профит, туку со значење. Ако му го препуштиме на пазарот – ќе го изгубиме. Зградите ќе останат, ама ќе нема кој да ја раскаже приказната. Ќе имаме споменици без смисла, и туристички рути без душа.
Господине Љутков, културното наследство не се „оправува“ со ППП(Public-Private Partnership) или со приватен партнер. Се чува со љубов, со знаење, со стручност и со јасна визија. Културното наследство не е само трага од минатото – тоа е жива врска што нè поврзува со корените, идентитетот и колективната свест. Да го зачуваш значи да ја зачуваш душата на еден народ, неговото право да се памети и да постои. Ние имаме обврска културното наследство да го одржуваме негуваме и да им го предадеме на идните генерации. А ако не го разбирате тоа – време е да си заминете“, порачуваат од СДСМ.