среда, 21 мај 2025

СДСМ: Димитриевски треба да одговори за големиот скандал, а враќањето членови од ЗНАМ во СДСМ веќе започна

Серијата партиски „искричења“ на релација СДСМ – ЗНАМ, кои започнаа со интервјуто во поткаст на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, добива нови продолженија. На одговорот на првиот човек на ЗНАМ, Максим Димитриевски, сега се возвраќа со партиско соопштение од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Големиот корупциски скандал ја разоткри вистината, Максим Димитриевски ја злоупотреби ЗНАМ за свои бизнис зделки. Истиот човек кој гласно обвинуваше за криминал и ја обележуваше ДУИ како најголем проблем е фатен како соработува токму со нив – во криминал.

ЗНАМ никогаш не беше автентична политичка понуда. Таа постои за две цели: да биде продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ и да му служи на Димитриевски како алатка за остварување на неговите бизнис интереси. Граѓаните и членовите на ЗНАМ сега со право се чувствуваат изневерени и оттука е големата нервоза кај Димитриевски. Наместо прозивки за СДСМ, после корупцискиот скандал Димитриевски нека се подготви за соочување со одговорноста пред истражните и судски органи.

Што се однесува до враќањето на членовите на ЗНАМ во СДСМ, тоа е веќе започнато. Прогрес на македонската политичка сцена и вистински напредок на државата ќе има само кога од македонската политика ќе се искоренат полуписмени и криминализирани луѓе, кои политиката ја сфакаат и користат само за да украдат макар и еден пар чизми“, се наведува во возвратната реакција на СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ