„И наместо да побара одговорност, министерката Јаневска вели дека „ќе се продолжела мисијата“. Која мисија? На партиските и бизнис интереси? ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја заташка вистината, но само дополнително ја закопа Владата. Велат дека назначувањето било ‘во координација’, обидувајќи се да избегнат одговор на клучното прашање: дали Европската унија дала согласност Ана Михајлов да биде избрана за в.д. директорка? Според свиркачите кои до нас ги доставија информациите, одговорот е не.
Напротив, нашите извори наведуваат дека од Брисел експлицитно било соопштено дека јавниот оглас кој бил објавен е нелегитимен и дека мора веднаш да се повтори за да има нови кандидати.
Свиркачите информираат дека меѓу причините за ова е токму кандидатурата на Ана Михајлов – најоспорената личност во целата постапка.
Наместо власта да ја почитува процедурата и да побара мислење од ЕУ за прифатливо лице, нахално и зад грбот на јавноста ја именува истата личност за в.д. директорка.
Зошто? Од 2014 до 2017 година, во времето кога Михајлов (тогаш Митровска) била одговорно лице за евалуаторите во Националната агенција, заедно со својата кумашинка Дорина Ѓорчева Митровска биле доделени преку 8 милиони евра. Дали овие 8 милиони евра биле доделени законски или се дел од истрага за проневера на европски пари? Каква е улогата на Бошко Нелкоски – првиот директор на агенцијата и ментор на новата в.д. директорка? Дали во извештајот на ОЛАФ токму Нелкоски е посочен како иницијатор на организирана проневера и незаконско доделување на средства? Каква е поврзаноста со фирмите „Силвер лион сервисес“ и „Агронимија органика“? Дали овие фирми се дел од истата мрежа на сомнителни тендери и злоупотреби идентификувани од ОЛАФ? Во чии џебови завршиле 8 милиони евра, европски пари?
Одговорите на овие прашања го откриваат вистинскиот мотив зошто Ана Михајлов е назначена за в.д. директорка, иако е дел од истрагата на ОЛАФ. Затоа бараме: Владата веднаш да ја разреши Ана Михајлов и да обезбеди услови истрагата на ОЈО да продолжи i oбвинителството да постапи по наодите на ОЛАФ и сите инволвирани во овој скандал да одговараат.
За злoупортреби нема место во образовниот систем. Одговорност мора да има“, рече Манасков.