сабота, 6 декември 2025

СДСМ: „Чистењето“ на народните пари води до директорот на СОЗР, Томовски

Семејната фирма на директорот на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски добила 161 тендер за чистење вреден 5.360.000 евра, обвини на прес конференција, членот на Централниот одбор на СДСМ, Саша Димитријевиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Од Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ  тврдат дека партијата поседува докази со кои се потврдува дека семејна фирма на Томовски системски испумпувала народни пари од Буџетот.

„АКТ, активно продолжува со објавување на криминалот на ДПМНЕ и Владата на Мицкоски пред Конгресот на старата банда“, истакна Димитријевиќ, потсетувајќи дека претходно објавиле дека власта извлекла девет 9 милиони евра, пари на граѓаните „преку блиски луѓе и посредници“ и дека со тоа се видело „како се краде народот преку наместени тендери“.

Но, како што рече тој, денешната бомба покажува дека овие шеми стануваат уште побрутални.

„Ама за старата банда не се доволни посредници од надвор, таа е гладна, ненаситна, бизнисот мора да го тераат лично и од дома, од фамилијата. Денеска објавуваме нов скандал, нова бомба! За тоа кој и како ‘чисти’? Сите патишта водат до Ивица Томовски и СОЗР. Не чисти СОЗР, ‘чисти’ семејната фирма на Томовски. Попрецизно кажано, ги чистат парите на граѓаните и тоа во милиони евра.“

Димитријевиќ покажа документи на кои се гледа дека од државни институции и од општини, водени од ВМРО-ДПМНЕ, семејната фирма на Томовски која попатно го сменила старото име добила 5.360.000 евра за 161 добиен тендер.

„Дополнително, со доаѓањето на ДПМНЕ на власт, бизнисот на фамилијата Томовски експлодирал. Семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306 отсто!!! И тоа само во 2024 година. Случајно, им тргнало чистењето на буџетот. Во тековната 2025 година, истата фирма веќе добила нови 10 тендери од речиси половина милион евра. Сопственик на Сити логистик во моментот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски, а управител Слободан Кутаноски, нивни близок роднина. Потоа се менува името на фирмата – Сити аутсорсинг. Иста адреса, ист единствен матичен број на субјект, само со друго име. За што е Томовски во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата мислам дека на народот му е кристално јасно после ова. Важно фамилијарните бизниси течат“, рече Димитријевиќ.

Тој нагласи дека со ова нивната борба против корупцијата продолжува и дека работата не е завршена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ