сабота, 12 јули 2025

СДСМ: Целиот имот на Филипче е уредно и транспарентно пријавен во анкетните листови

Соочени со целосна безидејност, секојдневни скандали кои ја тресат Владата и вистината за Кочани која покажа дека за најголемата трагедија одговорна е власта, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно фабрикува лаги за претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се наведува во денешното соопштение на опозициската партија СДСМ како реакција на соопштението на владеачката ВМРО-ДПМНЕ која денеска го праша Обвинителството зошто не отвора постапка за тоа како Филипче го набавил џипот што го вози.

Објавено на

часот

Сподели

Од СДСМ тврдат дека целосно е неточно тврдењето дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, поседувал возило од марката ауди.

„Тоа е чиста лага. Возило никогаш не било ниту во негова сопственост, ниту сега, ниту во минатото. Целиот имот на Венко Филипче е уредно и транспарентно пријавен во анкетните листови. Тоа е реалноста. Не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ со евтини и провидни измислици да  се обидува да наметне лажни сомнежи за наводна корупција, без трошка доказ, без факт – само со политичка злоба. Затоа што вистинските скандали се во дворот на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ нема ниту идеи, ниту резултати, власта ја тресат скандали секојдневно па единственото што им преостанува е црна кампања против Филипче.  Овие очајнички обиди да го оцрнат Венко Филипче покжаува колку ги плаши. ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со лагите и да одговори на вистинските прашања – кога Тошковски, Јанев и Мицкоски ќе поднесат оставки за трагедијата во Кочани?“, се наведува во соопштението на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ