„Тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и одржлива економија.
Со оваа неспособна Влада: пазарот на труд се стеснува, продуктивното население е разочарано и заминува; фондот за пензиско осигурување е под притисок, бидејќи денес 1,63 вработени обезбедуваат една пензија, наместо 1,74 како што беше пред само една година; Владата нема стратегија, нема визија, нема мерки за задржување и отворање на нови работни места.
Ова се последици од владеењето на Мицкоски, се зголемува несигурноста за младите, пензискиот систем се доведува во ризик, а приватниот сектор е оставен сам да се снаоѓа.
Граѓаните ја чувствуваат економската стагнација секој ден – на работа, на пазар, на семејна трпеза но за власта приоритет се манго, папаја, луксузни патувања за функционерите, а не потребите на народот“, се вели во денешното соопштение на СДСМ.






