вторник, 9 декември 2025

СДСМ бара зголемување на студенсткиот оброк на 160 денари

Во време кога животните трошоци растат вртоглаво, кога храната станува сè поскапа, студентскиот оброк остана замрзнат на 140 денари и власта оваа година нема намера да го зголеми, кажа денеска на прес-конференција на СДСМ, Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

Објавено на

часот

Сподели

Според Стојчевски, тоа значи дека денес студентите реално имаат помал оброк отколку пред две години.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција, гласно бараше студентскиот оброк да биде 160 денари. Денес, кога ја имаат власта, молчат и не прават ништо. Уште една лага во низата на ВМРО-ДПМНЕ.

Студентите знаат дека мерката студентски оброк е мерка на СДСМ, и последен пат во 2023 година, износот беше зголемен од 120 на 140 денари.

Но, оттогаш цените пораснаа многу побрзо. Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2025 година трошоците на животот се зголемени за 4,5% во споредба со лани. Оваа аритметика е едноставна: кога менито поскапува побрзо од оброкот, секоја непроменета година е фактичко кратење.

Не може да има пари во најголемиот буџет во историјата за папаја, манго и луксузи на функционерите, а за студентите да нема пари“, вели претседателот на СДММ.

Затоа, СДММ бара зголемување на сумата за студентски оброк на 160 денари.

„Бидејќи власта не ги есапи студентите бараме системско решение: автоматска индексација според цените на храната или јасна формула за годишно усогласување. Наместо папаја и манго за функционерите, власта нека обезбеди средства за студентите. Студентите не бараат луксуз. Бараат достоинствен оброк и елементарни услови за живот и студирање“, порачаа СДСМ од прес конференција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ