сабота, 21 март 2026

СДСМ бара темелна истрага за случајот Анакиев

Нов корупциски скандал ја тресе Владата на Мицкоски и Министерството за земјоделство на Цветан Трипуновски. Директорот на државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, е уапсен за примање поткуп од 50.000 евра. Ова е уште еден доказ за делувањето на организираната криминална група – ВМРО, соопшти СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Пред само неколку месеци се случи исто така корупциски скандал во кој директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството исто така беше уапсен за мито од 50.000 евра. Поради овој корупциски скандал ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра беше суспендирана.

Блокираната ИПАРД 3 програмата, намалени субвенции за 40 отсто намалени откупни цени, заради криминалците од власта страдаат земјоделците. Прашањето е кој друг од власта е вмешан?

Не може толку многу корупција да има на пониските ешалони, а оние од врвот во Министерството и во најкорумпираната Влада на Мицкоски да не знаеле.

Бараме темелна истрага која ќе утврди одговорност од првиот до последниот“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ