сабота, 28 февруари 2026

СДСМ бара реакција од ДКСК за Димовска, ВМРО-ДПМНЕ вели таа е докажан професионалец во областа

Поставувањето на Ефимија Димовска на чело на Развојната банка значи директно влијание врз „кредитни линии и финансирање на енергетски проекти“, што отвора сериозен ризик од судир на јавниот и приватниот интерес, изјави Јон Фрчкоски на денешната прес-конференција. Фрчкоски предупреди дека „тоа е класичен конфликт на интерес“. Димовска е и стипендист и најуспешен постдипломец во генерацијата на еден од највисоко рангираните американски универзитети – Питсбург Универзитетот. Таа е доктор на економски науки и универзитетски професор со забележителни истражувања фокусирани на финансирањето на малите бизниси. Дополнително Димовска е ангажирана и како консултант од Европската Комисија за анализи на финансискиот сектор во земјите од регионот, вратија од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Сега партнерите на Мицкоски добиваат ‘директен линк’ за своите семејни фирми во Развојната банка“, изјави Јон Фрчкоски на прес-конференцијата.

Тој нагласи дека „во исто време Димовски имаат семејни фирми“, посочувајќи дека „Ефимија е сопственик на ‘Херба Натура’ и дел од управувачката структура на енергетскиот субјект ‘ХН Соларис’“.

„Воспоставување на олигархиска структура на ВМРО-ОКГ каде државните институции служат како сервис на една тесна бизнис-групација околу Мицкоски“, рече Фрчкоски.

Поставувањето на Димовска на чело на Развојната банка значи директно влијание врз „кредитни линии и финансирање на енергетски проекти“, што отвора сериозен ризик од судир на јавниот и приватниот интерес.

„СДСМ бара итно повлекување на Ефимија Димовска од функцијата и соодветна реакција на ДКСК и останатите надлежни институции. Институциите мора да постапат и да го спречат претворањето на Развојната банка во продолжена рака на хидро-бизнис мрежата на Мицкоски и неговите партнери“.  рече Фрчкоски.

Димовска е и стипендист и најуспешен постдипломец во генерацијата на еден од највисоко рангираните американски универзитети – Питсбург Универзитетот. Таа е доктор на економски науки и универзитетски професор со забележителни истражувања фокусирани на финансирањето на малите бизниси. Дополнително Димовска е ангажирана и како консултант од Европската Комисија за анализи на финансискиот сектор во земјите од регионот, вратија од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС најде да зборува за партизација и некомпетентност на кадри. Кој е Кире Наумов доскорешен директор на Развојната банка? Истакнат кадар на СДС кој својата кариера ја започнува во Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, институција позната по катастрофалната приватизација. Наумов освен неговата партиска агенда во државните институции нема направено ништо. Дека е само партиски кадар говорат и неговите функции во време на СДС, советник за економски прашања на претседател на влада, советник за економски прашања на претседател на државава, дополнителен заменик- министер за финансии и заменик на министерот за економија. Дополнително Наумов во последно време беше познат единствено по неговото неработење и блокирање на активностите на Развојната банка, причина за разрешување од прв човек на Развојната банка. Ова се фактите. Нека прочитаат и научат во СДС“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ