„Ова е трето покачување, при што вкупното зголемување достигна 24,5 денари по литар. Ете толку од ‘мерката’ на Мицкоски. Секако, Мицкоски го покажува своето вистинско лице – нема капацитет ниту за државничка, ниту за економска политика, прав дилетант.
Намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема никаков ефект. Граѓаните плаќаат поскапо гориво, а со тоа се забрзува и растот на цените на храната. Цените во маркетите растат – зејтинот, јајцата, месото, зеленчукот, сè е поскапено, граѓаните тоа секојдневно го чувствуваат на својот џеб“, се констатира во соопштението на СДСМ.
При тоа СДСМ предупредува дека без итна интервенција во цените на храната, кризата ќе се продлабочува, а сиромаштијата ќе расте.
„Затоа Владата мора веднаш да ги прифати предложените мерки на СДСМ: 0% ДДВ за храната, намалување на акцизите за 4 денари и намалување на ДДВ за горивата на 5%. Неопходно е итно да се применат овие суштински решенија, кои навистина ќе им помогнат на граѓаните“, порачуваат од СДСМ.






