„Предлог-законот е опасен, антиевропски, главно корумпиран обид за формирање на партиска полиција, под команда на Тошковски. По стапките на Никола Груевски, министерот Тошковски, го претвора МВР во параполициски апарат за заштита на криминалот и партиски интереси на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Талевски.
Според него, со предложениот закон се уриваат критериумите за образование и искуство за највисоките оперативни позиции во полицијата и елиминирање на кариерниот систем на напредувањето на професионалните луѓе со искуство и со знаење.
„Началник на СВР по рецептот на Тошковски може да стане секој што ќе го одбере без искуство, без знаење, но со партиска книшка. Тошковски ги укинува и регионалните гранични центри во време на сериозни геополитички предизвици и безбедностни ризици. Ова е директен удар врз задграничната контрола и отвора простор за сомнителни шеми, вклучително и мигранти“, нагласи Талевски.
Тој додава дека Тошковски, сака да овозможи бришење на полициски податоци без траги, без евиденција, без одговорност и дека претставува опасен механизм за прикривање на криминал и заштита на структури блиски до власта.
„Најскандалозно е бришењето на одредбата што спречува вработување на осудени лица. Со тоа, полицијата станува прибежиште за лица со криминално минато, наместо институција што гарантира безбедност и владење на правото“, истакна Талевски и апелираше до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ добро да размислат доколку пројде овој закон.






