четврток, 2 април 2026

СДСМ бара да се испитаат сите пропусти на МВР за трагедијата во Кочани

Седум дена по трагедијата во Кочани, СДСМ е должна да ги постави вистинските прашања кои се наметнуваат за кои за жал, нема одговор од надлежните институции, рече денеска на прес конференција Мартин Костовски, организацискиот секретар на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Според информациите на настанот имало 650 луѓе. Согласно законот, полицијата била должна да има оперативни сознанија и соодветно да го обезбеди овој настан дури и во случај ако тој не е пријавен од организаторот. Ако МВР постапеле согласно законот, ќе имало обезбедено на Противпожарна бригада, Брза помош, соодветен број полициски службеници и сите пропратни безбедносни мерки за ваков тип настани, со што несреќата можела дури и да се превенира. Од снимките вечерта се гледа дека полицијата била присутна во објектот. Ова значи дека знаеле за настанот, но не го обезбедиле соодветно. Со ова се поставува прашањето, дали сите надлежни од МВР таа вечер сториле кривично дело со несторување односно непостапување? Дали се изземени од одговорност службеници, началници и командири кои вечерта биле на должност? Доколку истрагата во продолжение не ги опфати и нив, СДСМ со својот правен тим ќе поднесе соодветни кривични пријави“, рече Костовски.

Тој побара надлежните да „не тераат селективна правда“.

„СДСМ ќе продолжи да ги објавува сите детали и да ги поставува сите правно издржани прашања, кои укажуваат на сериозни пропусти и кривични одговорности за лица за кои во моментов нема информации дека се дел од истражната постапка или се во притвор. Целта е една – правда и вистина“, рече Костовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ