„Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја враќа вмровската партиска мафија во Националната агенција за европски образовни програми, која патем управува со милионски фондови од ЕУ преку Еразмус +. Огласот за избор на нов директор беше поништен, а причините за поништувањето останаа мистерија. Ниту начинот ниту времето на назначувањето воопшто не е случајно. Сега започнуваат локалните избори и најважно завршува истрагата за предметите што ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами, ги достави до македонското обвинителство.
Токму во овие документи, според нашите информации од свиркачи, осомничена е новата директорка, Ана Михајлов.
Ова е официјалниот извештај на ОЛАФ од 2023 година, каде јасно е наведено дека постои основано сомневање за злоупотреба на повеќе од два милиони евра во периодот на претходната влада на режимот на Груески, за период кој започнува во 2016 година. Како што е наведено, идентификувани се повеќе од 50 физички и правни лица во Македонија и пет земји-членки на ЕУ, сите дел од вмровската шема. Преку вмровските внатрешни кадри, вработени во агенцијата, протекувале информации за апликанти и евалуатори.
Надворешна фирма управувала со проекти на над 15 училишта, што претставува флагрантно кршење на грант-договорите.
ЈО сѐ уште нема процесуирано обвинителен акт по овој целосно документиран предмет доставен до нив во 2023 г одина и повторно актуелизиран во 2024 година.
Од свиркачи внатре во Агенцијата СДСМ дознава дека власта прави силен притисок да се спречи истрагата на ЈО.
Дали затоа што води токму до Ана Михајлов и нејзините најблиски фамилијарни и пријателски ангажирани евалуатори од ВМРО-ДПМНЕ?
Дали ова е причината да биде поништен претходниот конкурс за директор? По кој критериум е назначена токму Ана Михајлов и зошто токму сега? Дали зад назначувањето на Михајлов се крие вистинската намера на власта да ја блокира истрагата на ОЈО и ОЛАФ?
Ова е враќање на вморвската мафија во Агенцијата и јавноста очекува одговори. СДСМ ќе ја продолжи оваа тема и ќе ја информира јавноста за сите детали и информации со кои располагаме за овој скандал“, изјави Јанковиќ.