вторник, 31 март 2026

Савески – Рокас: Борбата против корупцијата приоритет

Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески денеска остварил средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас, со кого разговарале за приоритетите на соработката и на европската поддршка за институцијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Средбата е доказ за актуелната соработка, но и силен поттик за идните заеднички проекти“, истакнал Савески.

Амбасадорот Рокас му го честитал изборот на една од највисоките функции во правосудството и му посакал успешна работа.

Во разговорите, како што информираат од Јавното обвинителство, тие се осврнале на приоритетите во однос на борбата против корупцијата и на суштинско враќање на довербата на граѓаните дека правосудниот систем функционира.

Савески и Рокас се согласиле за потребата од стабилен буџет за јакнење на капацитетите на Јавното обвинителство. Амбасадорот Рокас ја изразил поддршката за независноста и за јакнење на транспарентноста на обвинителството.

Државниот јавен обвинител ја искористил можноста да се заблагодари за континуираната поддршка од ЕУ за Јавното обвинителство, но и за владеењето на правото во нашата земја воопшто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ