Како што информираа од Обвинителството, двајцата високи дипломатски претставници му честитале на Савески на изборот на функцијата и ветиле продолжување на поддршката за јакнење на капацитетите на обвинителството, при што особено го истакнале фактот дека правосудството претставува централен фундамент за пристапувањето на Македонија кон Европската унија.
„Меѓу приоритетите на својот мандат Савески ги наведе транспарентноста и дигитализацијата во јавното обвинителство со конкретни планови како тие активности ќе се реализираат во следниот период. Исто така, на средбата стана збор и за предизвиците во поглед на независното постапување и одлучување од страна на јавните обвинители и јакнење на финансиските капацитети на Јавното обвинителство“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.






