Тој посочува дека токму поради ова, по новата сеидба на јачменот и пченицата се надеваат дека наредната година ќе имаат подобар квалитет и поголем род.
„Овие дождови се добредојдени, бериќет што се вели. Има низ целата држава, а во Штипско дожд има околу 60 литри. Што значи дека за неколку дена и тие ниви што не се изорани ќе се изораат и ќе се почне за петнаесеттина дена со сеидбата“, изјави Сарафимов.
Според него дополнителна надеж влева средбата на земјоделците со претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде се дефинирани новитети околу субвенционирањето. Сарафимов вели дека цената е делумно задоволителна за земјоделците, но се надева дека со овие измени ќе има поголеми површини засеани со пченица и јачмен.






