недела, 7 декември 2025

„Сапорт Кочани“ подели близу 11 милиони денари на настраданите во пожарот во „Пулс“

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ соопшти дека е извршена втората распределба од средствата од заедничката сметка за донации од близу 11 милиони денари.

Објавено на

часот

Сподели

Во објавената видео информација на фејсбук профилот на Граѓанската иницијатива се вели дека од вкупната сума од 10.944.793 денари, еден милион се за данок на државата, а останатите се еднакво распределени на 137 лица во износ од по 71.900 денари.

„Почитувани, транспарентно ја споделуваме информацијата за втората распределбата на средствата од заедничката сметка за донации, кои беа собрани по трагедијата што нè погоди“, пишува во објавата на „Сапорт Кочани“ на социјалните мрежи.

Средствата потекнуваат од компании, здруженија, групни акции и хуманитарни настани организирани во земјата и во странство.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи на 16 март оваа година загинаа 63 лица, а над двесте беа повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ