петок, 8 август 2025

„Сапорт Кочани“ донираше на Клиниката за пластична хирургија за повредените од пожарот во „Пулс

Иницијативата „Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, наменета за повредените во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од „Сапорт Кочани“, донацијата е формализирана со потпишување договор за донација, и вклучува 100 комплети T-LAB PRP KIT, 10 комплети EXOMINE SMART KIT, четири пакувања аминокиселини и четири пакувања протеини.

Вкупната вредност на донацијата изнесува 286.120 денари и е целосно обезбедена преку донации од хумани граѓани и компании, кои континуирано ја поддржуваат иницијативата „Сапорт Кочани“.

„Донираните материјални добра се наменети за третман и регенерација на кожата, забрзување на зараснување на рани и подобрување на заздравувањето кај пациентите со тешки повреди од изгореници. Нутритивната поддршка претставува дополнителна помош за јакнење на организмот во процесот на рехабилитација“, информира „Сапорт Кочани“.

Медицинската опрема и суплементи се веќе доставени на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, каде активно се користат во третманот на повредените.

Во рамки на посетата, тимот на „Сапорт Кочани“ ги посетил и пациентите кои сè уште се хоспитализирани на клиниката и лично им изразиле поддршка и желби за побрзо закрепнување.

„Продолжуваме со фокусирана, директна и одговорна поддршка за секој поединец кој е засегнат од трагедијата. Оваа соработка со една од клучните здравствени установи во државата претставува важен чекор во обезбедувањето на стручна медицинска нега. Искрено им благодариме на сите хумани граѓани, компании и поддржувачи – токму тие ја направија оваа помош возможна“, истакнуваат од „Сапорт Кочани“.

Од оваа иницијатива нагласуваат дека остануваат посветени на „транспарентност, партнерство со институциите и долгорочна грижа за сите погодени лица“

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ