недела, 7 декември 2025

Саниран дефектот на водоводната цевка, водоснабдувањето во Скопје постепено се нормализира

Според информации на ЈП Водовод и канализација од теренот, дефектот на водоводната цевка Ф600 мм во скопската населба Влае – се санира. Нема веќе истекување, но поради големата количина изгубена вода, за нормализирање на притисокот потребно е извесно време. Во текот на ноќта од ЈП Водовод и канализација објавија соопштение за причините за дефектот кој го остави половина Скопје без вода.

Објавено на

часот

Сподели

„Почитувани граѓани, Ве известуваме дека поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец, предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем.

Како резултат на прекините на мрежата на електрична енергија, настанати се 2 дефекти истовремено на главната водоводна линија Ф-600, како и дефект во шахта на Ф-400 на еден од бунарите.

Поради овие дефекти, во неколку населени места од градот дојде до прекин на водоснабдувањето, но по брзата реакција на нашите екипи водоснабдувањето постепено се стабилизира со цел да се избегнат нови појави на дефекти и дополнителни оптоварувања на системот.

Екипите на ЈП Водовод и канализација веднаш излегоа на терен и работат интензивно на санација на дефектите, со цел во најкраток можен рок да се обезбеди целосна нормализација на водоснабдувањето.

Ви благодариме на разбирањето и трпението, при што навремено ќе информираме за текот на санацијата“, се вели во соопштението на ЈП Водовод и канализација.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ