понеделник, 15 декември 2025

Санација на локалните патишта во Општина Маврово и Ростуше

Со забрзана динамика се одвиваат градежни активности за санација на локалните патишта во Општина Маврово и Ростуше, во што придонесуваат и поволните временски услови за овој период од годината.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од општината,  денеска повереникот за надлежности на градоначалник, Онер Јакупоски, изврши теренска обиколка на локациите каде што се одвиваат градежните работи за санација и асфалтирање на општинските локални патишта.

„Во тек е реализација на планот за подобрување на патната инфраструктура, со што се решаваат долгогодишни проблеми со оштетени и небезбедни делници. Активностите опфаќаат подготовка на подлогата, санација на критичните точки и завршно асфалтирање, со цел да се обезбеди трајно и квалитетно решение“, наведуваат од општината

Јакупоски ја нагласил важноста на инвестирањето во инфраструктурата за безбедноста на граѓаните и непречен проток на сообраќајот.

„Овие градежни активности се наш приоритет. Работиме интензивно за што поскоро да ги завршиме сите планирани проекти и да им овозможиме на нашите граѓани безбедни и модерни локални патишта“, изјави Јакупоски.

Toj додаде дека ќе продолжат да ја следат динамиката на работите до нивното целосно завршување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ