Паметните телефоните се нашите најлични, најинтимни простори, но честопати ги користиме на места кои што имаат најмало ниво на приватност. Во автобус, во лифт, додека чекаме во ред, нашиот дигитален свет е изложен на виделина. Со станување на телефоните сѐ поприлагодени на нашите навики и преференци, грижите за приватноста растат.
Имајќи го ова предвид, Самсунг (Samsung) наскоро ќе претстави ново ниво на приватност за да го штити вашиот телефон од љубопитните погледи и ѕиркањето од зад грб, каде и да се наоѓате. Ќе можете да ги проверите пораките или да внесете лозинка додека користите јавен превоз, без да размислувате два пати кој може да ја види.
Флексибилна заштита развивана низ годините
Потребното ниво на приватност се разликува од корисник до корисник. Новите поставки ви даваат можност да одберете што е најдобро за вас. Може да ги прилагодите да ја зголемат заштитата на одредени апликации или при внесување на детали за пристап за приватни содржини на вашиот телефон. Со повеќе поставки за прилагодување на видливоста, може да го ограничите она што другите можат да го видат согласно нивото на заштита на приватноста кое ви е потребно.
Исто така, може да одберете да заштитите одредени делови од вашето корисничко искуство, како прегледот на известувања кои излегуваат на екранот (pop-up известувања). Станува збор за прилагоден пристап кои ви овозможува фино поставување или целосно исклучување, наспроти универзална заштита за сѐ.
Новото ниво на приватност е резултат на пет години инженерство, тестирање и усовршување во компанијата Самсунг. Беше проучувано како луѓето ги користат своите уреди, што сметаат дека е приватно и како безбедноста треба да изгледа во секојдневието. Резултатот е фузија од хардвер и софтвер, експертски калибрирани за да ве заштитат, без да ви стојат на патот.
Нов стандард за мобилна приватност
Станува збор е најновата од низа „Galaxy” иновации дизајнирани за да ве чуваат безбедни. Нема приватност без силна безбедност. Повеќе од една деценија, „Samsung Knox” воспостави нивоа на заштита за „Galaxy” уредите, од наменски безбедносен хардвер, како Knox Vault, до одбрана во рамки на екосистемот како Knox Matrix. Најновата заштита се надоврзува на посветеноста на безбедноста, воведувајќи приватност на ниво на пиксел.
Ова е приватност која можете да ја видите, безбедност која можете да ја почувствувате и наскоро, доаѓа на „Galaxy”.
Комерцијален текст





