понеделник, 9 јуни 2025

Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници, препорака од КЗБ

Препорака за самоизолација и здравствен надзор за двете заболени лица од мајмунски сипаници стигна денеска од Комисијата за заразни болести (КЗБ).

Фото: Фрипик

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму информираа дека дополнително се следи состојбата на лицата кои биле во близок контакт со заболените и доколку тие пројават симптоми ќе бидат тестирани во Институтот за јавно здравје.

„Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат хигиенските мерки за лична заштита од заразни заболувања, а во случај на евентуална појава на симптоми на ова заболување да се јават кај својот матичен лекар“, се наведува во соопштението.

До матичните лекари ќе биде дистрибуирана и информација за разработената патека за преглед, тестирање и згрижување на евентуалните пациенти.

Двајцата пациенти заболени од мајмунски сипаници се родени 1981 и 1985 година, и двајцата од Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ