На обуката за спасители на отворени води што Црвен крст Струга ја реализира секоја година, годинава се пријавиле и ја поминале само две лица, кои се стекнале со соодветен сертификат. Но, според Даути, струшкиот Црвен крст на располагање има осуммина спасители на отворнеи води, обучени претходните години.
„Интерес од концесионерите речиси и да нема. Во моментот само еден концесионер има ангажирано четворица спасители на отворени води. Апелирам концесионерите да ги обезбедат плажите со спасители на вода. Тоа е добро за безбедноста на капачите, но и за туризмот воопшто“, изјави Даути.
Потребата од спасители на вода, нагласи дека е неминовна, а тоа го покажуваат многубројните навремени реакции, кои допринеле да не дојде до несакани случаи.
И минатата година само една плажа на струшкото крајбрежје имаше ангажирано четворица спасители на вода, додека концесионерите на другите капалишта не пројавиле интерес.