четврток, 18 декември 2025

Салиу: Во Шуто Оризари жителите немаат канализација, улично осветлување, асфалтирани улици…

Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари и претседател на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, синоќа оствари средба со жителите на улица „Брсјачка Буна“. На средбата граѓаните јасно ги истакнале проблемите со кои секојдневно се соочуваат, како што се неасфалтирани улици, недостиг од канализација и недоволно улично осветлување.

Објавено на

часот

Сподели

„Овие прашања не се луксуз, туку основни услови за живот. Нема оправдување што жителите на оваа општина и денес, по речиси три децении, живеат без инфраструктура што им следува. Мој приоритет како градоначалник ќе биде решавање на овие проблеми со јасен план и одговорно раководење“, изјавил Салиу.

Демократските сили на Ромите, како што се наведува во соопштението, останува посветена на визијата за Шуто Оризари како европска општина, со чесно и транспарентно управување, каде секој жител ќе има пристојни услови за живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ