вторник, 3 февруари 2026

Сали-Купман: Континуираната соработка е важна за остварување на заедничките цели

Спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст, постигнатиот напредок во областа на дигитализацијата, како и клучните реформи во рамки на процесот на европска интеграција, беа во фокусот на средбата на првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали со генералниот директор за проширување на ЕУ Герт Јан Купман во Брисел.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МЕП, на средбата биле посочени конкретните придобивки за граѓаните и бизнис-заедницата, вклучително и пристапувањето кон Единствената европска платежна област (СЕПА), како и унапредувањето на дигиталните иницијативи, меѓу кои и проектот WiFi4WB.

„Соговорниците разменија мислења и за третото барање за ослободување на средства во рамки на Реформската агенда, за текот на спроведувањето на реформските патокази, како и за актуелните предизвици поврзани со Системот за влез/излез и трговските политики на Европската Унија“, пишува во соопштението на Министерството.

Како што додаваат оттаму, во овој контекст била нагласена важноста на континуираната соработка и ефективната меѓуинституционална координација за успешно остварување на заедничките цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ