Како што информираа од Кабинетот на министерот, на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања во процесот на европска интеграција на Македонија и за приоритетите поврзани со реформската агенда и обврските од европската агенда.

„Министерот Сали ја истакна определбата на Владата за забрзана имплементација на реформите и испорака на конкретни резултати, со посебен фокус на владеењето на правото и подобрувањето на апсорпцијата на европските фондови. Соговорниците разговараа и за значењето на континуираната поддршка од земјите членки на Европската Унија за процесот на проширување, како и за важноста од одржување на позитивниот моментум на европската интеграција во регионот“, соопштија од Кабинетот на Сали.
Министерот изразил благодарност за досегашната поддршка, нагласувајќи дека Министерството за европски прашања ќе продолжи со засилена координација и фокус на реформските приоритети во насока на напредок во пристапниот процес.






