понеделник, 15 декември 2025

„Сакам да работам“ до „Антикоцкање“: Нема посилен аргумент од вашето предизборно појавување дека легалните игри на среќа се цел на политичко-етнички инженеринг!

Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ упатува реакција во врска со прес конференцијата на Движењето „Антикоцкање“ од Тетово.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Се повторува едно исто сценарио! Пред секои избори се појавуваат претставниците на самонареченото Движење ‘Антикоцкање’ од Тетово со барање за целосно затворање на легалните игри на среќа. Како некој да ги буди по потреба. Не постои посилен аргумент од нивното појавување кое го потврдува нашиот став дека без разлика кој е во позиција или опозиција, легалните игри на среќа пред секои избори стануваат цел на политичко-етнички инженеринг. Ваквиот пристап е катастрофален, претставува поигрување со судбината на 10 илјади вработени во овој економски сектор и создава економска-социјална неизвесност. Затоа, поучени од претходните искуства, активно ги предупредуваме надлежните државни институции да се откажат од намерата да носат нов закон за игри на среќа во предизборен период. Вистински решенија за грижите на граѓаните не се носат со брзање и низ дневнополитичкиот кантар за привлекување гласови.  Очигледно е дека декларативни заложби на ‘Антикоцкање’ за наводна заштита на младината од игрите на среќа се алиби. Зад нивните активности се кријат исклучиво политички и бизнис интереси. Нивните претставници многу добро знаат дека затворањето на легалните објекти за игри на среќа по автоматизам предизвикуваат отворање на играчници на црно, државата ќе нема контрола, а некои ќе печалат на штета на државниот буџет“, се вели во реакцијата на “Сакам да работам’.

Понатаму, од Здружението на вработени во секторот игри на среќа, поставуваат повеќе прашања до Здружението „Антикоцкање“.

„Земајќи предвид дека ‘Антикоцкање’ од Тетово врши предизборен притисок врз надлежните државни институции и политички фактори по секоја цена да се затворат легалните игри на среќа, прво треба да и одговорат на јавноста на следните прашања: Зошто Албанија уште во октомври 2022 се откажа од забраната на игрите на среќа? Зошто премолчуваат дека за време на четиригодишната забрана во Албанија како печурки никнале нелегални играчници? Колку жители од Косово играат игри на среќа во Тетово? Каде припаѓа Македонија, во друштво на западните цивилизации и ЕУ или во нечие друго друштво? Кога младите се позаштитени, кога има легални објекти за игри на среќа или кога ќе никнат диви играчници по подруми? И конечно, дали една од причините за нивното барање за затворање на легалните објекти за игри на среќа е фактот што во овој економски сектор 90 проценти од вработените се Македонци?

Сè додека не одговорат конкретно на овие прашања ‘Антикоцкање’ за нас ќе бидат ‘Група за игри на среќа на црно’! “, се вели во реакцијата на  Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ