Зелените акции за садење дрвја претставуваат траен и одговорен придонес кон создавање поздрава и поодржлива средина во заедниците каде што работат двата македонски аеродроми – Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.

„Горд сум што втора година по ред ја спроведуваме нашата зелена иницијатива ‘Садиме денес за одржливо утре’. Минатата година засадивме чинари покрај брегот на Охридското Eзеро, а денеска засадивме декоративни сливи кои ќе го разубавуваат центарот на градот. Нашата стратешка цел кон одржливост се совпаѓа со активностите на Општина Охрид за заштита на животната средина. Би сакал да им се заблагодарам на нашите вработени кои волонтираа и ни се придружија, како и на градоначалникот на Охрид и вработените во oпштината, со кои заеднички го дадовме нашиот придонес со секое засадено дрво. Ја делиме истата грижа за иднината. Со оваа акција, покажуваме дека малите чекори водат до големи промени – кон позелени заедници, почист воздух и подобар живот за сите“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.






