недела, 4 мај 2025

САД во српските и македонските медиуми пред и за време на Трамп

Како се прикажуваат САД во медиумите на Западен Балкан – Македонија и Србија.  Неодамнешната анализа на геополитичките наративи спроведена од Пикаса со помош на Analytics.live, покажува дека во регионот каде историјата, политиката и надворешната политика се длабоко испреплетени, медиумските наративи играат моќна улога во обликувањето на перцепциите на јавноста.

Објавено на

часот

Сподели

Анализата споредува како во Македонија и Србија се прикажуваат Соединетите Американски Држави во нивните медиумски екосистеми – пред и по враќањето на Трамп во Белата куќа.

Во Северна Македонија, САД остануваат силен стратешки сојузник, иако вниманието се префрла од институционалните врски кон личното влијание на Трамп.

Наративи во македонските медиуми, период 1 – од 1.07.2024 до 19.01.2025 година и период 2 – од 20.01.-20.02.2025.

Во Србија, скептицизмот кон САД опстојува, но има забележителен пораст и на проамериканските и на про-Трамп наративите, откривајќи покомплексен медиумски пејзаж од очекуваното.

Наративи во српските медиуми, период 1 – 01.07.2024 до 19.01.2025 и период 2 – 20.01.-20.02.2025

Студијата е заснована на податоци за развојните геополитички наративи на Западен Балкан, нагласувајќи како промените на чувствата често пати се поврзани не само за политиката, туку и за личностите. Зошто е ова важно? Затоа што наративите ја обликуваат дипломатијата, довербата и иднината на регионалната соработка, пишува во анализата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ